наакаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наака) се наскита
Англиски:
roam
Албански:
knaqem duke shetit
Примери:
Каде се досега, уште ли не се наакаа.
набабарат
Вид збор: Глагол, свршен
(се набабари) Се наоблече премногу.
Примери:
Што си се набабарил толку, да не замрзнеш?
набавтаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнакаже што било.
Примери:
Ми набавта секакви работи.
изнатепа
Примери:
Добро го набавтаа.
(се набавта) се изнајаде, се прејаде
Примери:
Се набавта толку многу јаготки што одвај дишеше.
набаам
Вид збор: Глагол, свршен
Накаже многу, сѐ и сешто, изналаже.
Примери:
Ама изнабаја, кој ќе ти верува.
набраздат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие брчки.
Англиски:
furrow
Албански:
rrudhem
Примери:
Длабоки брчки му го набраздија челото.
мн. навалици
Вид збор: Именка, женски род
Душевна оптовареност, обземеност.
Англиски:
rush
Албански:
turrje
Примери:
Навалица на разни мисли.
мн. навеви
Вид збор: Именка, машки род
Влијание, дејство од некоја страна.
Англиски:
influence
Албански:
ndikim, influencë
Примери:
Навеви од младотурското движење.
Вид збор: Глагол, свршен
Донесе, неочекувано дојде.
Англиски:
blow
Албански:
bie, sjell papritmas
Примери:
Ова момче среќата ми го навеа.
Предизвика, поттикне нешто (некакво расположение, мисли).
Англиски:
bring
Албански:
shkaktoj, sjell
Примери:
Таа средба му навеа убави спомени.
навигираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Пребарува информации во интернет.
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши голем дел од некоја работа, прошири знаења, се задлабочи во нешто.
Англиски:
enter
Албански:
fut, hyj
Примери:
Навлеговме во подготовките на фестивалот.
Стигне до некоја возраст.
Англиски:
enter
Албански:
hy, arrij
Примери:
Навлезе во триесеттата година.
наводниците
Вид збор: Именка, множина
Во наводници - сомнителен.
мн. наврзалки
Вид збор: Именка, женски род
приказна, кажување
Англиски:
story
Албански:
rrëfim, tregim
Примери:
Заредија чудни ловечки наврзалки.
наврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнакаже, назборува многу.
Англиски:
add
Албански:
tregoj, rrëfej, flas
Примери:
Што не му наврза за неа.
претскаже, зарече
Англиски:
predict
Албански:
paratregoj, parashikoj
Примери:
Некоја сосетка ѝ наврзала да не раѓа.
наврнатиот
Вид збор: Придавка
Нерасположен, тажен, незадоволен (обично во споредба:
Примери:
како наврнат).
нагазат
Вид збор: Глагол, свршен
Случајно, ненамерно сретне некого, нешто (некоја незгода).
Англиски:
stumble
Албански:
rastësisht
Примери:
Нагази на тој што не го видел со години.
Дојде во посета непоканет, неочекуван.
Примери:
Секоја недела ќе ги нагазеше барем двапати.
мн. нагласоци
Вид збор: Именка, машки род
Посебно значење или истакнување на предмет, идеја, факт.
Примери:
Нагласокот е на инвестициите.
нагнетат
Вид збор: Глагол, свршен
Прејаде, пренасити некого.
Примери:
Полека, го нагнете детето.
нагрбат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому задача, работа (обично покрупна, потешка).
Англиски:
burden
Албански:
ngarkoj
Примери:
Го нагрбија со многу работа.
(се нагрби) Прими на себе, се задолжи со некоја (обично потешка) задача, работа.
Англиски:
burden
Албански:
ngarkoj
Примери:
Самиот се нагрбив со задолженија.
нагрдат
Вид збор: Глагол, свршен
расипе, уништи
Англиски:
destroy
Албански:
prish, shkatërroj
Примери:
Разни загадувачи ја нагрдија животната средина.
нагризат
Вид збор: Глагол, свршен
Оштети, разјаде (од киселина, од 'рѓа).
Примери:
Киселината го нагризала металот.
Вид збор: Предлог
Количествен признак, повеќе од нешто.
Примери:
Hа средбата учествуваа над сто научни работници.
Објект врз кој е насочено, сосредоточено дејството.
Примери:
Го затекнавме задлабочен над ракописот на новиот роман.
(се) надвиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Се закани, навести нешто непријатно, лошо.
Англиски:
hang
Албански:
kanoset
Примери:
Над нив (се) надвисна опасност од болест.
надвишат
Вид збор: Глагол, свршен
Надмине некого или нешто во висина.
Примери:
Најмладиот сите ги надвиши по раст.
мн. надградби
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што се додава кон нешто што се има, што постои.
Примери:
Постојана надградба на знаењата на учениците.
надградат
Вид збор: Глагол, свршен
Прошири, поусоврши, поразвие нешто што веќе постои.
Англиски:
improve
Албански:
përmirësoj
надоврзат
Вид збор: Глагол, свршен
При зборување додаде, каже нешто.
Англиски:
add
Албански:
shtoj
Примери:
Неубедливо, надоврза дека тој не се согласува.
(се надоврзе) Продолжи расправа, се искаже на определена тема; додаде кон своето или кон искажувањето на други.
Примери:
И јас сакам да се надоврзам со неколку збора кон претходните искажувања.
Вид збор: Глагол, свршен
Поразвие, поусоврши, дополни нешто што постои.
Англиски:
add
Албански:
shtoj, përforcoj
надраскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Напише набрзина, нечитливо, нацрта како било.
надраснат
Вид збор: Глагол, свршен
Надмине некого во нешто, покаже посилно изразема особина (во умеење, знаење, дарба, способност за нешто и др.)
Англиски:
exceed
Албански:
tejkaloj
надридаат
Вид збор: Глагол, свршен
Назборува многу, сешто, надрдори.
Англиски:
blab
Албански:
llomotis
надробат
Вид збор: Глагол, свршен
Надрдори, изнакаже сешто.
Англиски:
blab
Албански:
llomotis
надујат
Вид збор: Глагол, свршен
(се надуе) Се вообрази, стане премногу горд.
Англиски:
swell
Албански:
mburrem
(се надуе) се намурти, се налути
Англиски:
annoy
Албански:
hidhërua
надушат
Вид збор: Глагол, свршен
Насети, открие нешто.
Примери:
Навреме ја надуши нивната измама.
наебат
Вид збор: Глагол, свршен
Влезе во неволја.
Примери:
Ако пак задоцнете со плаќањето на кредитите, сте наебале.
(се) наежават
Вид збор: Глагол, свршен
Се наостри за борба, за напад.
Примери:
Наежавени стоеја еден спроти друг, закрвавени во очите.
мн. наезди
Вид збор: Именка, женски род
Ненадејна појава на инсекти или на други штетници.
Примери:
Наезда на скакулци.
Надоаѓање на многу луѓе во некое место, во некоја земја.
Англиски:
deluge
Албански:
rrëke, invazion
Примери:
Наезда на туристи.
наелектризира
повеќе
наелектризираат
Вид збор: Глагол, свршен
Создаде напнатост, нервоза, вознемиреност кај некого.
Примери:
Неговото искажување го наелектризира колективот.
назабат
Вид збор: Глагол, свршен
(се назаби) се налути, се наостри, се озлоби
Албански:
hidhëroj, tregon dhëmbët
Примери:
Се назабија сите на мене.
назреат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане неодложно.
Англиски:
mature
Албански:
piqet, plotëson
Примери:
Веќе е назреана потребата за изградба на уште едно училиште.
Вид збор: Глагол, несвршен
согледува, насетува
Англиски:
sense
Албански:
ndjej
Примери:
Веќе ја наѕира смислата на тоа настојување што му е упатено.
(се наѕира) Се забележува, се насетува.
Англиски:
sense
Албански:
ndjej
Примери:
Од насловот се наѕира актуелноста на темата.
Вид збор: Глагол, свршен
Притисне, обземе, се најде во тешка состојба.
Англиски:
depress
Албански:
depresion
Примери:
Страв ми ја најавна душата.
најамчат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому несакано задолжение.
Примери:
Ме најамчи да му ја чувам куќата.
накалемат
Вид збор: Глагол, свршен
Припише некому несторено дело за да биде обвинет.
Примери:
Му накалемија повеќе работи за да го сменат од функција.
накапат
Вид збор: Глагол, свршен
За лисје - напаѓаат.
Англиски:
drop
Албански:
bie
Примери:
Накапаа жолти лисје.
Ненадејно, неочекувано доживее некоја непријатност, нешто лошо; си налепи нешто.
Примери:
Гледај да не накапеш некоја беља.
накиселат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие израз на незадоволство.
Албански:
pamje e tharbët
Примери:
Го накисели лицето.
накладат
Вид збор: Глагол, свршен
Се здебели, се згои (обично за свиња).
Англиски:
fatten
Албански:
trashet
Примери:
За кусо време арно накладе прасето.
наклепаат
Вид збор: Глагол, свршен
Наклевети, набеди некого.
Англиски:
slander
Албански:
përgojoj, përflas
накрнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи штета, наруши нешто.
Англиски:
damage
Албански:
prish, dëmtoj
Примери:
Го накрни единството на организацијата.
(се) налаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнакаже, изназборува лоши работи некому.
Англиски:
lament
Албански:
leh, flet pa lidhje
Примери:
Налајала таа многу за нас пред сватовите.
налегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се најде под некаков притисок, во тешка, непријатна состојба.
Примери:
Го налегна многу работа.
налеат
Вид збор: Глагол, свршен
(се налее) Се напие многу, се опие.
Вид збор: Глагол, свршен
Добие нешто лошо, се најде во лоша положба.
Англиски:
stick
Албански:
ngjis vehtes
Примери:
Со оваа работа си налепив голема беља.
налудничавиот
Вид збор: Придавка
незрел, чуден, необичен
Примери:
налудничава мисла, налудничава игра
Вид збор: Глагол, свршен
Се најде привлечен од нешто.
Англиски:
attract
Албански:
tërheq, josh
Примери:
Го намами музиката и влезе во кафеаната.
Вид збор: Глагол, свршен
Избега од некаде - во составот: (си) ја намачка.
Англиски:
slip
Албански:
mbath, ikë
Примери:
Да си ја намачкаме преку ридон.
намирисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Намине, посети некого, нешто.
Англиски:
visit
Албански:
vizitoj
Примери:
Од Велигден не си намирисал кај нас, нѐ заборави.
Насети, открие нешто.
Англиски:
sense
Албански:
zbuloj
Примери:
Чувајте се да не ве намириса некој.
намрштениот
Вид збор: Придавка
За временските услови - облачен, мрачен.
Примери:
Намрштено небо.
Вид збор: Глагол, свршен
(се намршти) За временските услови - се наоблачи, стане мрачно.
Примери:
Небото се намрштило.
намуртениот
Вид збор: Придавка
За временските услови - наоблачен, мрачен.
Примери:
Небото намуртено.
намуртат
Вид збор: Глагол, свршен
(се намурти) За временските услови - стане облачно, мрачно.
Примери:
Небото се намурти, ќе врне.
нанесат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, го наведе патот неочекувано, непланирано.
Англиски:
bring
Албански:
sjell, shpie
Примери:
Никогаш овде патот не ме нанесол.
Вид збор: Глагол, свршен
Се намурти, се намршти.
Англиски:
cloud
Албански:
vrënjet, vrenjtem
Примери:
Жената се наоблачи и остана зачудена.
наоглават
Вид збор: Глагол, свршен
Ограничи слобода некому, оптовари некого со обврска што не му е по волја.
Примери:
Го оженија млад, го наоглавија куќа да гледа.
Вид збор: Прилог
погрешно, лошо
Примери:
Ги водат работите наопаку.
наострат
Вид збор: Глагол, свршен
Подбуцне, поттикне некого за расправија, за борба.
Примери:
Сакаше да ги наостри да се скараат со нас.
напарат
Вид збор: Глагол, свршен
Доживее нешто лошо, непријатно.
Англиски:
burn
Албански:
përvëloj, digjem
Примери:
Ама се напаривме со продажбата.
(се напари) Доживее нешто непријатно, лошо.
Англиски:
burn
Албански:
përvëlohem, digjem
мн. напасници
Вид збор: Именка, машки род
Здодевен, премногу натраплив човек.
Англиски:
pest
Албански:
i bezdisshëm
Примери:
Кога ќе ти дојде тој напасник, ти отиде времето.
напаствуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Додева, досадува некому.
Англиски:
pester
Албански:
bezdis
наперкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наперка) Се испрејаде, се нагнете од јадење.
Англиски:
stuff
Албански:
ngopem, rrasem
напијат
Вид збор: Глагол, свршен
(се напие) Прими влага.
Англиски:
wet
Албански:
lagështi
Примери:
Добро заврнало, земјата се напила, не се влегува в нива.
напикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Зафрли нешто некаде, суреди да не може лесно да се најде.
Англиски:
mislay
Албански:
hedh
Примери:
Облечи што ќе најдеш, таа блуза којзнае каде е напикана.
Стави, намести некого на добро работно место, во функција преку врска, со протежирање.
Англиски:
push
Албански:
vë
Примери:
Го напикал синот на работа во управата.
(се напика) Се зафрли, го снема некаде.
Примери:
Кај се напика, сега беше тука.
(се напика) Влезе некаде од интерес, се пробие, се вовлече.
Англиски:
push
Албански:
futem
Примери:
Се напика во партијата да се добере до власт.
напипаат
Вид збор: Глагол, свршен
По некакви знаци насети, открие нешто.
Англиски:
sense
Албански:
hetoj, diktoj, ndjej
Примери:
Напипал дека тука нешто се подготвува.
напласкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Назборува бесмислици, сѐ и сешто.
Вид збор: Глагол, свршен
Измава со шлаканици.
Англиски:
slap
Албански:
rrah me shuplakë, shapullit
Примери:
Го наплеска детето.
напливнат
Вид збор: Глагол, свршен
Надојде, се појави во голем број.
Англиски:
flood
Албански:
v[rshoj
Примери:
Напливна народ од секаде.
напнати
Вид збор: Придавка
Што е во состојба на душевна напрегнатост.
Примери:
напната атмосфера (во колективив)
напојат
Вид збор: Глагол, свршен
За земја, почва - прими вода, влага.
Англиски:
soak
Албански:
vadis
Примери:
Селаните очекуваа господ да ги напои сувите ниви.
Вдахне, предизвика некакво (позитивно) чувство.
Англиски:
instil
Албански:
rrënjos
Примери:
Убавата природа му ја напои душата со чистота и ведрина.
(се напои) Се исполни со вдахновеност, со занес.
Англиски:
instil
Албански:
mbush
Примери:
Младите се напоија со идеите на новото време.
мн. напони
Вид збор: Именка, машки род
Подем, полет на физичката и умствената сила.
Англиски:
strain
Албански:
rritje, tendosje
Примери:
Сега е во напонот на силите.
напоредниот
Вид збор: Придавка
Што е споредлив, заменлив со друг, што се случува истовремено со друг.
Примери:
напореден текст
направат
Вид збор: Глагол, свршен
Раскаже, смисли нешто.
Англиски:
make
Албански:
tregoj
Примери:
Децата направија шега на сметка на стариот.
Произведе, назначи некого за нешто.
Англиски:
make
Албански:
prodhoj
Примери:
Го направија претседател.
напрчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се напрчи) се намурти, се налути
Англиски:
anger
Албански:
hidhëroj
Примери:
Се напрчи зашто го скараа малку.
(се напрчи) Се направи важен, се надуе.
Англиски:
puff up
Албански:
çmueshëm
Примери:
Што се напрчил толку, како да не знаеме кој е и што беше.
наредат
Вид збор: Глагол, свршен
Среди, уреди, доведе во добра состојба.
Англиски:
arrange
Албански:
rregulloj
Примери:
Јас ќе ја наредам таа работа.
Дотера, украси некого или нешто.
Англиски:
decorate
Албански:
stolis, rregulloj
Примери:
Ја наредил како кукла.
(се нареди) Добро се намести, дојде до добро место во службата, во работата.
Примери:
Слушам, убаво си се наредил на работа.
(се нареди) Се дотера, се уреди, добро се облече.
Примери:
Многу убаво си се наредила, сигурно вечер многумина ќе те бендисаат.
мн. нарциси
Вид збор: Именка, машки род
самозаљубен човек
Англиски:
narcissist
Албански:
narcisist, njeri narcizoid
насадат
Вид збор: Глагол, свршен
(се насади) Седне на непогодно место.
Англиски:
plant
Албански:
mbjell
Примери:
Што си се насадил пред врата!
насамарат
Вид збор: Глагол, свршен
Измами, излаже, изигра некого.
Англиски:
outwit
Албански:
mashtroj
Примери:
Убаво те насамарил штом не си отворил очи.
насапунат
Вид збор: Глагол, свршен
излаже, изигра
Англиски:
swindle
Албански:
mashtroj, dredhoj
Примери:
Убаво го насапуниле!
Вид збор: Глагол, свршен
Подбуцне да нападне некого.
Примери:
Ги насаскаа еден против друг.
наседнат
Вид збор: Глагол, свршен
Поверува во некоја лага, стане жртва на измама.
Англиски:
set up
Албански:
grackë
Примери:
Како можел да му верува, толку лесно да наседне!
наситени
Вид збор: Придавка
Во чијшто состав има голем дел од некоја материја; густ, концентриран.
Примери:
Наситен раствор.
Што е богат, исполнет со некаква особина.
Примери:
Песна наситена со патриотска чувствителност.
(се) насладат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наслади) Се задоволи со насладување, се наужива.
Англиски:
enjoy
Албански:
ëmbëlsohem
Примери:
Не можеше да си се наслади на убавината на езерото.
мн. наследства
Вид збор: Именка, среден род
Постигањата, богатството од животот и културата на претходните епоха и на претходниците.
Примери:
Културно наследство.
мн. насоки
Вид збор: Именка, женски род
План, цел, карактер на развојот на некоја дејност.
Англиски:
trend
Албански:
trend
Примери:
Насока на работата.
Во школството - програма за образование во определен тип занимање.
Примери:
математичка насока
насолат
Вид збор: Глагол, свршен
Измами, изигра некого.
Англиски:
cheat
Албански:
mashtroj
Примери:
Нѐ насоли пријателот, туку ајде да си одиме.
наспоредниот
Вид збор: Придавка
Што е споредлив, заменлив со друг, што се случува истовремено со друг.
Примери:
Наспореден текст.
настожат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави нешто во поголемо количество на несоодветно место.
Англиски:
cram
Албански:
mbush, mbledh
Примери:
Што си ги настожил овие книги на маса?
настрвени
Вид збор: Придавка
Што е многу озлобен, зол, ожесточен.
настрват
Вид збор: Глагол, свршен
(се настрви) Се озлоби, стане многу лош зол, подлегне на силни страсти.
Албански:
ndërsehem, bëhem i vrazhdë
Примери:
Се настрви на својот сосед, да не го види да не му се навика нешто.
Вид збор: Глагол, свршен
Се насобере, се натрупа нешто.
Англиски:
pile
Албански:
stivoj, grumbullohet
Примери:
Се наталожија многу проблеми.
натегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Крене (шише и сл.) да се напие.
Англиски:
drink
Албански:
ngren
Примери:
Ја пофали ракијата и натегна малку.
натежнат
Вид збор: Глагол, свршен
Придобие некого со барање, со молба за нешто.
Примери:
Ти ќе му натежнеш да се согласи.
Почувствува тегоба од нешто.
Англиски:
suffer
Албански:
ndjej, vuaj, rëndoj
Примери:
Годините му натежнале.
натискаат
Вид збор: Глагол, несвршен
принудува, присилува
Англиски:
force
Албански:
detyroj
Примери:
Од сите страни натискаа учителот да се врати на работа.
натиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Принуди, присили некого.
Англиски:
force
Албански:
detyroj
Примери:
Го натиснаа да им каже се што знае.
натоварат
Вид збор: Глагол, свршен
Задолжи, оптовари некого со обемна, тешка, важна работа, грижа.
Англиски:
burden
Албански:
ngarkoj
Примери:
Го натоварија со подготовката на годишното собрание.
(се натовари) Прими, прифати некоја дополнителна, одговорна работа, задача.
Англиски:
burden
Албански:
ngarkoj
Вид збор: Глагол, свршен
Изнакаже премногу неважни работи, сѐ и сешто.
Англиски:
gabble
Албански:
rrapëllij, murmurit
(се натропа) Со тропање се задоволи.
Англиски:
drum
Албански:
trokas
(се натропа) Се изназборува неважни работи, сѐ и сешто.
Англиски:
gabble
Албански:
rrapëllij, mumrmurit
натурат
Вид збор: Глагол, свршен
наметне, октроира
Примери:
Тоа што случува е натурено од странците.
нафрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Набележи или изложи нешто во општи црти.
Англиски:
outline
Албански:
konturoj
Примери:
Да ги нафрлиме поважните точки на извештајот, потоа ќе ги обработиме.
Вид збор: Глагол, свршен
(се нацица) Прими големо количество течност.
Англиски:
soak
Албански:
thithë shumë
Примери:
Сунѓерот се нацицал вода.
Вид збор: Глагол, свршен
Лошо изработи нешто (со боја, со малтер).
Примери:
Ова што си го нашлакал не ми личи на ништо.
наштават
Вид збор: Глагол, свршен
наштимуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Организира, дотера, среди нешто.
Англиски:
adjust
Албански:
organizoj, rregulloj
наштрапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Насече со ножици нешто во поголемо количество или набрзина, грубо.
Англиски:
cut
Албански:
prej me gërshërë shumë
невкусниот
Вид збор: Придавка
Што не одговара на добро однесување, на добар стил.
Примери:
Невкусна шега.
невралгичниот
Вид збор: Придавка
осетлив, чувствителен
Примери:
Невралгична точка.
негостољубив
повеќе
негостољубивиот
Вид збор: Придавка
За природна средина - див, суров.
Примери:
Полека навлегуваа во еден многу негостољубив предел.
недарежливиот
Вид збор: Придавка
Што не донесува доволно приход.
Примери:
недарежлива нива, недарежливо лозје
неделканиот
Вид збор: Придавка
За човек - груб, неразбран, невоспитан.
Англиски:
rude
Албански:
i paedukuar
недоделканиот
Вид збор: Придавка
За човек - груб, суров, што не умее убаво да се однесува.
недозреаниот
Вид збор: Придавка
Што уште не е израстен, пораснат.
недостасаниот
Вид збор: Придавка
Недораснат, што уште не постигнал зрелост.
Примери:
недостасано девојче
незаситениот
Вид збор: Придавка
Во кој нема големо количество на еден од составните делови.
Примери:
незаситен раствор
нездравиот
Вид збор: Придавка
Што има, што покажува негативни својства.
Примери:
нездрави односи
незрелиот
Вид збор: Придавка
Млад, што не постигнал полн развој.
Примери:
незрели момчиња
Што не е доволно промислен.
Примери:
незрела постапка, незрело решение
неизделканиот
Вид збор: Придавка
За човек - груб, суров, со лошо однесување.
неискастрени
Вид збор: Придавка
некултурен, необразован
Примери:
Неискастрен човек.
нелинеарниот
Вид збор: Придавка
Што нема еднаков раст, нерамномерен.
неми
Вид збор: Придавка
Што не е изразен со зборови, гласно.
Примери:
Нема љубов.
тивок, бесшумен
Примери:
Нем филм.
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Силна, постојано незадоволена желба за нешто.
Англиски:
greed
Албански:
untësi, lakmi
Примери:
Ненаситка за пари.
необоениот
Вид збор: Придавка
Што не е определен, не носи одлика, обележје во некој однос.
Примери:
Партиски необоен говор.
необузданиот
Вид збор: Придавка
Што не може да се смири, да се скроти.
Примери:
необуздана страст, необуздани желби
неписмени
Вид збор: Придавка
непросветен, необразован
Примери:
неписмена средина
неплодна
Вид збор: Придавка
некорисен, залуден
Примери:
Неплодна дискусија.
неподмачканиот
Вид збор: Придавка
Неподмитен, што не добил мито.
Примери:
Тој неподмачкан не ти свршува работа.
непоткованиот
Вид збор: Придавка
Неподготвен, недоволно упатен, што нема добри познавања во нешто.
непречистениот
Вид збор: Придавка
Непроверен, непрегледан, што има грешки.
Примери:
непречистен текст, непречистени сметки
неразбудениот
Вид збор: Придавка
Несвесен, неосвестен за својата положба, за своите права.
Примери:
Неразбудена работничка средина.
нерасипаниот
Вид збор: Придавка
За мртовец, труп - што не е распаднат.
нераскршениот
Вид збор: Придавка
Што уште не е способен за живот или за некоја работа.
нерасчистени
Вид збор: Придавка
Што не е разјаснет, расправен, намирен.
Примери:
Нерасчистено прашање.
нескршливиот
Вид збор: Придавка
Што не може да биде придобиен, совладан.
Примери:
нескршлив карактер, нескршлива вера
неспортска
Вид збор: Придавка
Што не е спортски.
Примери:
неспортски испад
несредени
Вид збор: Придавка
За лице - што не е смирен, спокоен, сталожен.
Англиски:
restless
Албански:
i shqetësuar
неутрализира
повеќе
неутрализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
спречи, оневозможи, онеспособи
Примери:
Го неутрализира противникот.
несчисти
Вид збор: Придавка
Што не е според општоприфатените морални или законски норми.
Примери:
нечиста работа, нечиста заработувачка
мн. нивоа
Вид збор: Именка, среден род
Степен на развојот на нешто.
Англиски:
level
Албански:
nivel
Примери:
високо ниво на економски развој
нижат
Вид збор: Глагол, несвршен
Реди, раскажува едно по друго, пишува.
Англиски:
write
Албански:
rradhit, rrëfen, shkruan
Примери:
Ниже збор по збор.
мн. низини
Вид збор: Именка, женски род
народен бит
Примери:
Идеите на поетот се зародиле во народните низини.
ниски
Вид збор: Придавка
Што е неморален, нечесен.
Англиски:
low
Албански:
i ulët
Примери:
ниски побуди, ниска постапка
никнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави, се направи.
Англиски:
come
Албански:
çel, mbrrin
Примери:
Меѓу нив никнаа расправии.
мн. никулци
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Почеток, почетоци на нешто, на некоја појава што се развива.
Англиски:
root
Албански:
rrënjë, embrion
Примери:
Кога се зборува за никулците на музичкото творештво во Македонија, најчесто се споменува името на Јован Кукузел.
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на полно спокојство.
Англиски:
bliss
Албански:
lumturi, rehati
мн. нишани
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што е предмет на некакво дејствување.
Примери:
Hа нишан му е нивниот имот.
нишанат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има, пројавува некаква намера, се стреми кон некоја цел.
Англиски:
aim
Албански:
synoj, shënoj
Примери:
Проникна во нејзините мисли и знаеше каде нишани.
мн. нишка
Вид збор: Именка, женски род
Нешто што поврзува, што обединува, што се провлекува како општа линија, идеја, обележје.
Англиски:
thread
Албански:
fije
Примери:
Чувствуваа дека нишката што ги поврзуваше безнадежно се кине.
новородениот
Вид збор: Придавка
Што се појавил неодамна.
Примери:
новородена идеја
мн. нокдауни
Вид збор: Именка, машки род
тешка безизлезна ситуација
Англиски:
knockdown
Албански:
nokdaun, situatë e rëndë
Примери:
Што може тогаш да се очекува од една голема партија која е во нокдаун по толкуте изборни порази?
мн. ноти
Вид збор: Именка, женски род
Нијанса, составка во некоја содржина.
Англиски:
note
Албански:
shënim, notë
Примери:
весела нота
(се) нуркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
скита, талка
Англиски:
loiter
Албански:
bredh, vërtitem
Примери:
Како избркани од дома, се нуркавме во пеколниот метеж на улиците.
се мота, се пика
Англиски:
loaf
Албански:
sillet, vërtitet
Примери:
Почнаа да нуркаат по дуќаните.
Оди несигурно, се порева.
Англиски:
walk
Албански:
ecë jo i sigurt
Примери:
Старецот нуркаше лево-десно, се прикрепуваше на ѕидот, барајќи место да седне.
(се) нурнат
Вид збор: Глагол, свршен
се заниша
Англиски:
stagger
Албански:
lëkundem
Примери:
Како што одеше, (се) нурна напред и падна.